Комуналните служби на Општина Ѓорче Петров уредуваа во населба Хром, односно на потегот од ул.Стево Филиповиќ до крајот на ул.Исаија Мажовски, каде што се уредуваа зелените површини, се собираа лисја и се собираше сметот кој е затекнат на локациите.
Во текот на наредните денови, пролетната акција ќе продолжи и на другите улици во населба Хром, а ќе се уредуваат сите зелени површини во населбата.
Апел до жителите на Хром за совесно однесување и користење на поставената урбана опрема, се со цел истата да биде во функција и да им служи на сите жители кои ги посетуваат парковите и ги поминуваат пролетните денови низ населбата.
Извор: Општина Ѓорче Петров