spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија

ДКСК: Средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија

Претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 13.03.2024 година остварија средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и неколкумина јавни обвинители, на која беа разгледани можностите за подобрување на соработката помеѓу двете институци.

На средбата претставниците на двете институции се договорија да го разгледаат и да дадат конкретни предлози за подобрување на Меморандумот за соработка, да одржуваат почести состаноци и интензивно да се координираат  при постапувањето по предметите со цел да се избегне удвојување и нарушување на тајноста на постапките и пресумпцијата на невиност.

Претседателката Димитровска и Јавниот обвинител Коцевски се согласија дека е од заеднички интерес институциите да соработуваат и да комуницираат. На средбата беше договорена интензивна соработка и во следењето на претстојниот изборен процес, во согласност со надлежностите на ДКСК и обвинителствата. Исто така, се отвори дикусија и за ефектите од последните измени на Кривичниот законик на тековното работење на двете институции.

Јавниот обвинител Коцевски информираше и за постапувањето од страна на обвинителствата по иницијативите поднесени од ДКСК во периодот од 2019 година до февруари 2024 година.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...