spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024 ги презентираше политиките за...

МЖСПП: Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024 ги презентираше политиките за метан

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествува на Глобалниот форум за метан 2024 кој од 18-21 март се одржува во Женева, Швајцарија.

1 Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024 ги презентираше политиките за метан во РСМ

Форумот во 2024 година претставува врвен глобален настан кој ги обединува индустриските лидери за промоција на успесите од ублажување на метанот и овозможува преземање на активности со кои ќе продолжи напредокот кон намалување на емисиите на метан.

Во заедничката техничка сесија за биогас што се одржа денес, заменик министерката Оџаклиеска ги презентираше политиките за метан во Република Северна Македонија, со посебен акцент на националните заложби за намалување на емисиите на метан, особено во правец на расчисување на  нестандардните ѓубришта како сериозен извор на емисии на метан.

Форумот заеднички го организираат Глобалната иницијатива за метан (ГМИ) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), во партнерство со Глобалниот центар за метан и Коалицијата за клима и чист воздух.

3  Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024 ги презентираше политиките за метан во РСМ
4  Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024 ги презентираше политиките за метан во РСМ
5  Оџаклиеска на Глобалниот форум за метан 2024 ги презентираше политиките за метан во РСМ

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте