По повод одбележувањето на Светскиот ден на водата, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со 100 ученици од средното училиште на Град Скопје „Марија Кири – Склодовска“ ја посетија хемиската лабораторија на скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ со цел следење на практична едукација за процесите на претпријатието.
Заеднички се дискутираше за значењето на водата и потребата од одржливо управување со овој важен природен ресурс, како и за начините за заштита и соодветно користење на водните ресурси.
На денешниот настан, под менторство на експерти од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ учениците имаа можност да ги видат процесите во хемиската лабораторија и одблиску да се запознаат со целокупниот процес за испитување на квалитетот на водите, од примероци на вода за пиење од водоводни дистрибутивни системи до начинот на изработка на физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно регулативата за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Извор: Град Скопје