spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со екипи од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје и скопското јавно претпријатие Улици и патишта, извршија увид во завршната фаза на градежните работи на изградбата на новопроектираните улици 1 и 4 во населеното место Криви Дол во општина Карпош, кои ги гради јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.

Со изградбата на двете новопроектирани улици во ова населено место, се овозможува промена на постоечкиот сообраќаен режим за обезбедување сигурност за учесниците во сообраќајот. Со оневозможување на движење со моторни возила по пешачката и вело патека и диво приклучување на ул.Скупи и на бул. „Никола Карев“, ќе се превенира загрозување на пешаците и велосипедистите и овозможи нивно безбедно движење. Со изградбата на новите улици за жителите на Криви Дол ќе се обезбеди сигурен и безбеден пристап до нивните домови.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...