Со самото доаѓање на пролетта кога се очекува да се создадат поволни временски услови за работа, Општина Карпош ќе започне со акција за обновување на постоечката сообраќајна хоризонтална сигнализација. Станува збор за повторно обележување на пешачките премини и сообраќајни ознаки на коловозот, лоцирани пред сите основни училишта и детски градинки кои функционираат на тероторија на локалната самоуправа.
На овој начин, Општината сака да го зголеми нивото на безбедност во сообраќајот особено околу воспитно – образовните институции. Притоа, Општина Карпош апелира и до лицата кои управуваат со моторни возила, да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат пропишаните правила за учество во сообраќајот.
Извор: Општина Карпош