spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Велковски со апел до пратениците на СДСМ и ДУИ - Не...

МТСП: Велковски со апел до пратениците на СДСМ и ДУИ – Не терајте политика на грбот на децата, 5 минути работа е да ги изгласате измените

На неколку дена пред распуштање на Собранието, предлог законските измени на Законот за заштита на децата којшто беше предложен од техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, а чија што цел е решавање на проблемот со недостаток на лиценциран стручен кадар во градинките во Македонија, Собранието одбива да го стави како точка на дневен ред, реагираше денеска министерот Велковски.

„Морам денеска со жалење да истакнам дека Собранието кое што има само уште неколку дена работа до конечно распуштање, дневните редови ги направи а точката за измена на законот за заштита на децата не е ставена на дневен ред. Наместо да се грижиме за 5.000 дечиња кои што не се во детските градинки, да се грижиме да имаме негуватели, воспитувачи и стручен кадар којшто ќе може да влезе во процесот на вработување веднаш по завршување на изборите, денеска на грбот на децата некој тера политика за да децата за жал немаат детска заштита во градинките“, реагира Велковски. 

Над 5.000 деца во Македонија се на листите на чекање за згрижување во детска градинка, додека пак над 1.000 лица од 2021 година до сега чекаат да добијат лиценцирање како би го пополниле недостатокот од стручен кадар во градинките во градовите низ Македонија.

Министерот Велковски веднаш упати апел до пратениците во собранието да се одважат и да ја стават оваа точка на дневен ред во којашто е предвидено согласно законот за лиценцирање да се дозволи и хартиено полагање на овој испит за добивање на лиценци. 

„Тоа е ситуацијата денеска со лиценците. За жал неколку пати направив повик до Собранието и пратениците еве и денеска нека се одважат. Уште 4-5 дена имаат работа, нека ја стават оваа точка на дневен ред, а 5 минути работа е да ја изгласаат“, порачува техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...