spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Градоначалникот Костадинов избран за Личност на Југоисточна Европа за 2024 година

Струмица: Градоначалникот Костадинов избран за Личност на Југоисточна Европа за 2024 година

Градоначалникот Костадин Костадинов е избран за Личност на Југоисточна Европа за 2024 година. Одлуката на Одборот на фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз 11 години, во Берлин 7 години и во Вашингтон 4 години, и е препознатлив прозорец на културата на Југоисточна Европа во светот, денеска лично на градоначалникот му ја соопшти амбасадорот Јордан Плевенш.

-Ова признание ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани бидејќи тоа е град којшто е познат на мапата на светот по една долга духовна историја којашто започнува од антиката, низ римското време, низ средновековниот период и Светите 15 маченици влегуваат во европските и светските трезови на светската меморија и фестивалот во Париз, Берлин и во Вашингтон, ќе ја открие таа димензија.  Швајцарскиот писател Никола Бувие во својата книга „Употребата на светот“ кажа дека Балканот е срцето на Европа и денеска Струмица е главниот град на тоа срце на Европа благодарение на вашето признание за кое ви честитам од се срце, рече Плевнеш.

Градоначалникот Костадинов заблагодарувајќи се за ова високо признание рече дека истото го посветува на сегашните и идните генерации струмичанки и струмичани.

-Добивајќи го ова високо признание, за мене поважно е препознавањето на силните заложби на општинската администрација, на Советот на Општината во негувањето на културното наследство, на културата во општина Струмица, и пред се фокусот на трансформација на општина Струмица преку силните капитални инвестиции коишто се реализираат во нашиот град и во сите населени места, особено во делот на вело патеките и во делот на имплементација на електрифициран јавен превоз со што Струмица е прв град на Балканот којшто имплементира таков проект. Ова огромно светско признание го посветувам на сегашните генерации струмичанки и струмичани, но и на идните како порив уште повеќе да си ја негуваат, сакаат и чуваат општина Струмица, оти Струмица сме ние, колку ние ја љубиме Струмица, толку и таа ни возвраќа нам, рече Костадинов.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...