spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Врсничко насилство и Булинг меѓу младите

Велес: Врсничко насилство и Булинг меѓу младите

Работилници на тема „Врсничко насилство меѓу младите“ и „Булинг меѓу младите“ на која средношколци од Велес се запознаа со различните видови и форми на насилство меѓу врсниците, се одржаа денеска во хотел Гардениа. Предавачите од Здружението на граѓани ,,РУБИКОН,, Скопје, Владимир Караев и Љупка Ристовска на креативен начин преку интеракција  и видео презентација ја доближија темата до учениците која е сè поприсутна во денешницата.

На работилницата се разговараше и за кибернасилството. Се дискутираше и за мерките, можностите и начините на превенција и справување со врсничко насилство. Младите покажаа конструктивни предлози и младински иницијативи со цел спречување односно намалување на насилството меѓу врсниците.

Работилницата се спроведува во рамки на проектот ,,Млади за инклузија, еднаквост и доверба,, финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на Општина Велес, Младински центар на Фондација Фокус, УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

#futureisYOUth #UN4Uth #YoUNivers #location/country/territory #city Veles #media #sport #art #travelling #genderequality #respect4diversity

Извор: Општина Велес

Прочитајте