spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Одбележан Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

Ѓорче Петров: Одбележан Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

Одличен настан организиран од страна на училиштето „Јоаким Крчоски“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром на кој присутните имаа можност да се информираат за лицата со ваков вид синдром. 

Настанот од забавен карактер во кој учествуваа децата од 9-то одделение и ученици од дневниот центар „Доза среќа“, заедно со нивните родители, покажа дека ова училиште е инклузивна образовна институција во која сите деца се прифатени и добредојдени.

Во соработка со наставниците по физичко и здравствено образование беа организирани и активности под мотото „Игри без граници“ во кои учениците имаа одлична можност за забава и дружба преку спортски активности.

-Во рамки на посета на училиштето, првпат имав можност да ја посетам и новоотворената соба опремена со реквизити и материјали кои ќе им помогнат на децата со попреченост полесно да ги совладаат евентуалните потешкотии во образовниот процес – рече градоначалникот Александар Стојкоски при посета на училиштето. Во соработка со училиштата и градинката во изминатиот период, додаде, правиме максимални напори да овозможиме децата во претшколска возраст и учениците да се чувствуваат еднакви и преку обезбедување соодветни елементи за нив да им овозможиме добро да се вклопат во училишната средина.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...