spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Продолжуваат активностите за комплетна реконструкција на улицата „Солунска“

Битола: Продолжуваат активностите за комплетна реконструкција на улицата „Солунска“

Продолжија активностите од втората фаза на проектот за комплетна реконструкција на улицата „Солунска“. Од оваа фаза, во досегашниот период изведени се канализација и приклучоци во должина од 152 метри и коловоз во должина од 138 метри. Со продолжувањето на работата на терен, ќе се изврши реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од 566,65 метри. Вкупната вредност за планираните активности изнесува околу 25.000.000 денари. Додека траат работните активности, воспоставен е времен режим и улицата е затворена за сообраќај на потегот од „Трета реонска“ до улица „Пецо Божиновски“.

Општина Битола, покрај на оваа локација, работи на подобрување на инфраструктурата во населбата Недопирливи, Горно Оризари, на улицата „Захарија Шумљанска“ – кај Светонеделските гробишта, се подготвува за асфалтирање улицата „Крушевска република“, а пред отпочнување се и повеќе проекти на други локации, како во урбаниот, така и во руралниот дел на општината.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...