spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаЧешиново Облешево: Дигитализирана општина

Чешиново Облешево: Дигитализирана општина

Половина од граѓаните не знаат дека општините им нудат услуги онлајн

Програмата за развој на Oбединетите Hации (УНДП) спроведе истражување за обемот на искористеноста на е-услуги во институциите во зeмјата. Според истражувањето, 86% од граѓаните никогаш не користеле е-услуга на општината, наведувајќи различни причини. Најголем дел (48%) не знаеле дека услуги кои се добиваат на шалтер можат да се добијат и онлајн.

Во прашалникот, како причини за слабата искористеност на е-услугите дел од испитаниците навеле и дека поедноставно им е да појдат во општинските канцеларии (15%), како и технички предизвици при користењето (12%).

Дигиталната трансформација на општините не само што нуди подобри услуги за граѓаните, туку и помага во намалување на трошоците и ризиците за корупција.

Еден од примерите за успешна дигитализација е платформата за е-услуги, ЛОГЕС, првиот софтвер во државата за услуги на локално ниво. Развиен од УНДП, овој софтвер веќе функционира во 25 општини и нуди услуги во секое време, секаде во светот каде што има интернет конекција. ЛОГЕС осигурува безбедно онлајн плаќање и добивање на услугата од општината веднаш, по електронски пат, без да се помине ни минута во општинската зграда.

Нашата општина во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет) онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, затоа што ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.

Ред. Бр.Тип на услугаМодулТип на корисник
1Следење и контрола на процес при легализација на дивоградбиУрбанизамправни и физички
2Барање за издавање извод од урбанистички планправни и физички
3Барање за издавање потврда за катастарска парцела (опфат на урбанистички план)правни и физички
4Барање за издавање потврда за точна адреса, промена на улица и бројправни и физички
5Инцијатива за воведување инспекциска постапкаправни и физички
6Барање за користење јавни прометни површини (плоштади и други јавни места; продажба на ситни производи; истакнување реклами, објави и огласи)Комунални услугиправни и физички
7Барање за вонреден превоз по општински патиштаправни
8Барање за издавање на одобрение за отстранување на објектправни и физички
9Барање за дозвола за поставување телефонски, телеграфски и други кабловски водовиправни и физички
10Барање за одобрение за раскопување на улица, коловоз, јавна или зелена површинаправни и физички
11Барање на одобрение за времена измена на режим на сообраќајправни
12Поднесување на иницијатива до Градоначалник на општинаГраѓански иницијативиправни и физички
13Поднесување на иницијатива до Совет (на општина; на Источен плански регион; за социјална заштита на ИПР)правни и физички
14Поднесување на предлози до Центар за развој за развој на Источен плански регионправни и физички
15Барање за издавање на потврда за усогласеност со Стратегија за ЛЕР на општинаправни
16Барање за субвенции за инвертери, сончеви колектори, велосипеди, печки на пелети, фотоволтаици….Финансиска помошфизички
17Барање за стипендија на талентирани ученици и студентифизички
18Барање за еднократна финансиска помошфизички
19Поднеси пофалба, жалба или критикаИнфо центарправни и физички
20Пријави проблемправни и физички

Со имплементацијата на платформата за е-услуги ЛОГЕС се збогатува понудата на услуги кои ги нуди општината по електронски пат, како пристап до податоци од јавен карактер, плаќање данок, аплицирање за одобрение за градба, поставување на прашања до градоначалникот или советот и слично.

Извор: Општина Чешиново Облешево

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...