Здружението на граѓани „Ресурсен центар на лица од ранливи категории – РЦЛРК” – Велес во партнерство со Здружението на граѓани „Куќа на среќата” – Скопје, вчера во просториите на Европска куќа организираше завршен настан за проектот, кој беше поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.
Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, учениците од ООУ „Васил Главинов“ – Велес, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Велес, ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ – с.Иванковци, ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари, ООУ „Лирија“ – с.Бузалково и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес изработија новогодишни и осмомартовски честитки од рециклирана хартија. Честитките ги поделија на децата во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес и на нашите сограѓани, а сè со цел подигнување на свеста и зголемување на знаењето за начинот на рециклирање на хартијата.
Со овој завршен настан се заокружи повеќемесечниот процес на имплементација и реализација на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”.
Проектот ReLOaD 2 се спроведува во осум партнерски општини: Велес, Битола, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид и преку транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации се поттикнува поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки со што се подобруваат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.
ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈
Извор: Општина Велес