Шаренило од маски го исполни комплексот на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, по повод Денот на шегата 1ви април. Супер херои, самовили, пчелки, војници, пеперутки, принцези, со разни костуми учениците од Илинден ја изразија својата бујна фантазија на дефиле под маски.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги разгледа маските кои дефилираа во амфитеатарот, и истакна дека сете се убави а во Илинден владееше весела и позитивна атмосфера по повод Денот на шегата, со детска смеа, песнички, секако и многу интересни маски.
1ви април е радосен ден за најмладите кои смислуваат разни шеги и лаги, но најмногу им се радуваат на маските. Маскенбалот не само за децата, туку е предизвик и за наставниците кои приготвуваат приредби со своите ученици.
Денот на шегата е интернационален празник се слави секаде низ светот и е популатен не само кај децата туку и кај возрасните.
Извор: Општина Илинден