Почитувани,
Ве информираме дека во наредниот период од страна на Шведската Агенција за заштита на животна средина во соработка со Европскиот Институт за јавна администрација (EIPA) повторно се организира on-line курс за ЕУ Академија за животна средина.
ЕУ Академијата за животна средина опфаќа теми кои се однесуваат на процесот на ЕУ интеграција за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени.
Рокот за пријавување е 7 април 2024 година.
Повеќе информации за периодот на одржување, содржината, структурата и процесот за пријавување може да најдете на следниот линк: https://www.naturvardsverket.se/en/EUacademy
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање