spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова на средба со претставници од реактивната мониторинг – мисија на...

МЖСПП: Шукова на средба со претставници од реактивната мониторинг – мисија на УНЕСКО

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова имаше работна средба со претставници од реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО, кои беа во тридневна посета на земјава, со цел проценка и утврдување на општата состојба со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

На состанокот, eксперти од Центарот за светско наследство (WHC), од Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), пред претставници од Министерството за култура и стручни лица од Министерството за животна средина и просторно планирање ги елаборираа наодите од неодамнешната посета на Охридскиот регион, а се дискутираше и за тековните активностите од областите на заштита на културно наследство и заштитата на животна средина што засегнатите институции и субјекти ги имаат преземено во регионот со цел остварување на препораките на УНЕСКО.

Министерката Шукова истакна дека извонредната универзална вредност на природното наследство е препознаена во поликите и мерките на МЖСПП, и додаде дека Министерството интензивно работи на усогласување на законодавството од областа на животната средина со системот, учествувајќи во подготовката и имплементацијата на Стратешкиот План за рехабилитација.

Таа информираше и дека Законот за прогласување на Студенчишко блато за заштитено подрачје од категорија IV- парк за природата и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата веќе се во собраниска процедура и наскоро се очекува нивно прогласување.

– Министерството за животна средина и просторно планирањеостанува посветено на напорите за зачувување и заштита на светското прироидно наследство во Охридскиот регион и е отворено за соработка со сите засегнати страни, а се со една цел – зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион на листата на УНЕСКО – рече Шукова.

3 Шукова на средба со претставници од реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО

Од последната посета, реактивната мисија на УНЕСКО ќе изработи извештај со заклучоци и препораки по кои државата ќе треба да постапува за да не го загуби УНЕСКО статусот.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...