Согласно со член 8-б став 2 од Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори, до Државната комисија заспречување на корупцијата, да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат.
Согласно член 8-б став 5 од Изборниот законик, доколку горенаведените субјекти не ги достават податоците, Државната комисија за спречување на корупцијата покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.
Имајќи во предвид дека постои правна празнина, односно во Изборниот законик не се предвидени прекршочни санкции за непочитување на наведената обврска, ДКСК нема можност за покренување на прекршочни постапки по овој основ.
Во насока на транспарентно информирање на јавноста, ДКСК објавува листа на институции со податоци за субјекти кои ја исполниле обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат во законски утврдениот рок (листа1), за субјекти кои законската обврска ја исполниле по истекот на законски утврдениот рок (листа2) и податоци за субјекти кои немаат доставено податоци ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила (листа3), односно располагаат со службени возила опфатени со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување