spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Учество на панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на...

ДКСК: Учество на панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Претседателката Татјана Димитровска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, учествуваа на панел дискусијата „Политичкото рекламирање и интегритетот на изборите“,  која се одржа во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) .

Целта на настанот беше да се поттикне меѓу-институционален дијалог за предизвиците на изборниот интегритет во однос на политичкото рекламирање.

Во рамки на првиот дел од настанот, во својство на панелист учествуваше претседателката Димитровска, пришто со претставниците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државниот завод за ревизија, и Државната изборна комисија  ги споделија искуствата од претходните изборни процеси и дискутираа  за предизвиците во правната рамка за платено политичко рекламирање и факторите кои влијаат на поткопување на транспарентноста на политичкото рекламирање.

Во делот посветен на политичкото рекламирање во новите законодавни иницијативи на Европската Унија, претставниците на европските регулаторни тела за медиуми од Италија и Словачка, споделија информации за правилата за регулирање на политичкото рекламирање во зајакнатиот кодекс против дезинформации од 2022 година и регулативата за транспарентност и таргетирање на политичкото рекламирање.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...