spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Поблиску до реализација на Планот за раст на Западен Балкан, постигнат...

МФ: Поблиску до реализација на Планот за раст на Западен Балкан, постигнат привремен договор за воспоставување на Механизмот за реформи и раст

Во ЕУ е постигнат привремен договор помеѓу Претседателството на Советот на ЕУ и претставниците на Европскиот парламент за регулативата за воспоставување  на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, кој е дел од Планот за раст на Западен Балкан на Европската унија. Механизмот има за цел забрзување на евроинтегративните процеси во земјите од регионот и истиот во понатамошната процедура треба да биде одобрен од страна на Европскиот совет и од европратениците.

„Ова е многу значаен чекор во донесувањето на овој финансиски инструмент на ЕК со кој  треба да се забрза процесот на евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан. Инструментот е алка во тој процес со кој се забрзуваат реформите преку соодветна финаниската поддршка за нивно спроведување. Пакетот тежи 2 милијарди евра грантови, средства кои ЕУ ќе ги даде на земјите од  регионот за тие да ја забрзаат својата економска конвергенција  кон ЕУ, а земјите од своја страна, вклучително и нашата, ќе ги искористат за да ги спроведат реформите во најкус можен рок“, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Националната структура во земјава веќе работи на реформската агенда 2024-2027, која претставува сеопфатен пакет мерки со конкретни чекори за постигнување на предвидените цели, а кои се однесуваат на селдниве области: реформи во јавната администрација, управување со јавни финансии, дигитална, енергетска и зелена транзиција, човечки капитал, деловно окружување и владеење на правото. Дополнително опфаќа и инфраструктурни проекти во областа на транспортот, енергетиката, дигиталната трансформација и човечки капитал.

Реформската агенда на земјава ќе биде поддржана преку овој инструмент со над 800 милиони евра, средства кои треба да почнат да се користат до крајот на оваа година.

Планот за раст на Западен Балкан како нов инструмент на Европската унија за поддршка на евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан беше промовиран на крајот на 2023 година и оттогаш се работи интензивно на тој процес.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте