spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Лога- Стирк - Сите учесници на изборниот процес да се однесуваат...

МП: Лога- Стирк – Сите учесници на изборниот процес да се однесуваат на највисоко ниво и да обезбедат фер и демократски избори

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Џилијан Стирк, шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори на ОБСЕ-Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

На средбата, министерот Лога беше запознат со планираните активности на мисијата, составена од 12 меѓународни експерти, 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат во државата еден ден пред гласањето.

Амбасадорката Стирк најави дека тимот експерти ќе работат на прашања поврзани со администрацијата, политичкото финансирање, финансирањето на кампањата, а ќе ги следат  и медиумите.

Министерот  Кренар Лога ја информираше Старк за активностите кои ги презеде Министерството за правда во изминатиот период со цел да се овозможи фер изборен процес. Станува забор за измените на Изборниот законик во кој се инкорпорирани голем дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и заштитата која ја дава Кривичниот законик кој содржи посебна глава на одредби со кои се криминализирани делата против изборите и гласањето.

Останува предизвик институциите во текот на изборната кампања успешно да се справат со говорот на омраза и лажните вести.

,, Убеден сум дека законската легислатива е на задоволително ниво за да имаме фер и демократски избори. Очекувам институциите да имаат голема одговорност и успешно и професионално да одговорат на сите предизвици и задачи за организирање на  демократски изборен процес со високи стандарди”,рече министерот за правда Кренар Лога.

Повикуваме сите учесници во изборниот процес да се однесуваат на највисоко ниво затоа што овие избори не се крај на светот, туку процес кој ја одредува нашата иднина и заложбата да бидеме дел од ЕУ.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте