spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЈегуновце: Спроведена еколошка акција за чистење на зелените површини

Јегуновце: Спроведена еколошка акција за чистење на зелените површини

На ден 30.03.2024 година општина Јегуновце спроведе еколошка акција за чистење на зелените површини на територијата на општина Јегуновце.

Во акцијата учествуваа вработени во училиштата, локалната самоуправа, општинското јавно претпријатие и многу други жители на општина Јегуновце.

Еколошката акција се спроведе во четири групи, тргнувајќи од:

  • Ратае-Жилче-Шемшово
  • Сиричино-Шемшово-Прељубиште
  • Јегуновце-Подбреѓе-Јанчиште
  • Раотинце-Копанце-Туденце-Сиричино

Оваа акција е со единствена цел и намена за целосно чистење на отпадот и чиста општина Јегуновце.

Во иднина најавуваме дека вакви акции ќе се реализираат повеќе, со цел да имаме почиста и поздрава средина во која живееме.

Сите граѓани да ја поддигнат свеста да не ја загадуваат животната средина и на тој начин да ја заштитат истата.

Извор: Општина Јегуновце

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...