spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Партерно уредени тротоарите на улицата „Сава Михајлов“

Гевгелија: Партерно уредени тротоарите на улицата „Сава Михајлов“

Улицата „Сава Михајлов“ во Гевгелија доби уредени тротоари со павер-елементи. Реконструкцијата опфати расчистување и партерно уредување на тротоарите со поставување бекатон плочки и рабници. И тоа на потегот од социјалните згради до крстосувањето на улицата „Сава Михајлов“ со „Деко Ковачев“.

Увид во изведбените работи на улицата „Сава Михајлов“- Гевгелија изврши градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој истакна дека овој инфраструктурен зафат се реализираше по барањето на граѓаните кои живеат и секојдневно гравитираат во овој дел од градот, најавувајќи дека и во наредниот период локалната самоуправа ќе настојува да ги исполнува барањата на граѓаните за подобрување на патната ифраструктура во општина Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...