spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

ДКСК: Средба со Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

Претседателката Татјана Димитровска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), остварија средба со Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија Н.Е. Дирк Јан Коп, придружуван од Арлинда Идризи, советник за политички и економски работи во Амбасадата.

На почетокот на средбата претседателката Димитровска и членовите на ДКСК изразија благодарност за посетата на амбасадорот Јан Коп, пришто беше истакнато дека е од особена важност поддршката на Амбасадата на Холандија во насока на поефикасно спроведување на законските надлежности на ДКСК.

Амбасадор Јан Коп изрази поддршка за работата на ДКСК, истакнувајќа ја важноста на нејзината улога во системот за превенцијата и борбата против корупцијата во Република Северна Македонија. ДКСК е институција чија работа во изминатиот период е позитивно оценета и нејзината работа е од собено значење во  процесот на интеграцијата на земјата во Европската Унија, нагласи амбасадорот.

На средбата се дискутираше за соработката на ДКСК со другите надлежни институции, особено со Јавното обвинителство, како и за неопходноста за унапредување на истата, при што беше потенцирано значењето на спроведување на иницијативите и препораките на ДКСК. Во таа насока, амбасадорот беше информиран за реализираните работни средби со јавното обвинителство и за плановите за унапредување на соработката со цел спроведување на иницијативите на ДКСК.

Амбасадорот беше информиран за предизвиците со кои се соочува новиот состав на ДКСК, поврзани со спроведување на надлежностите по однос на следење на изборниот процес за претстојните претседателски и парламентарни избори, како и за активностите поврзани со следењето на исполнувањето на актуелната Национална стратегија за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси и плановите за изготвување на следната.

Во продолжение на средбата се дискутираше за неоходните потреби на ДКСК во насока на зајакнување на нејзините капацитети со цел поефикасно спроведување на законските надлежности, како и можностите за обезбедување на поддршка од страна  на Холандската амбасада. „ДКСК има голем број на надлежности, но од друга страна се соочува со недоволни буџетски, технички и кадровски капацитети, поради што неопходна и е поддршката од меѓународните партнери“, нагласија претседателката и членовите на ДКСК.

Амбасадорот Јан Коп ја искажа подготвеноста за обезбедување на потребната поддршка за ДКСК, за што беше договерено да продолжи комуникацијата во насока на конкретизирање и операционализирање на истата.  

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...