spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Прилеп: Одбележан Меѓународниот ден на Ромите

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, традиционално на јарболот пред локалната самоуправа на Општина Прилеп, беше подгинато знамето на Ромите, во присуство на претставници од Локалната самоуправа и ромската заедница. Прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески при оваа прилика истакна дека Општина Прилеп континуирано работи на интеграција на Ромите во заедницата и подобрување на условите за живот.
“Ромската заедница претставува нераскинлив дел од нашата заедница која се темели на почитување на различностите. Како општина, градиме општествена одговорност и рамноправни односи меѓу граѓаните, на взаемно почитување, разбирање и еднаквост. Фокусирани сме на подобрување на квалитетот на условите за животот на сите граѓани: за квалитетно образование, за инклузија во сите сфери на општеството живеење, за подобри услови и интеграција на Ромите во заедницата, за подобрување на нивната социјална и економска состојба. За таа цел соработуваме со голем број домашни и странски донатори, невладини организации и здруженија , со кои имаме реализирано низа проекти во ромската населба „Тризла“, а континуирано, преку локални проекти работиме и на подобрување на патната инфраструктура, водоводната и канализационата мрежа, улично осветлување, но и подобрување на културно- забавниот и спортски живот на Ромите, работиме на подобрување на интеграцијата на ромските деца во училиштата и детските градинки, создаваме можност за поголема вклученост на учениците Роми во средните стручни училишта и создадовме услови за докомплетирање на основно образование на повеќе возрасни припадници од ромската заедница“ – истакна при оваа прилика градоначалникот, Јовчески.

Во рамките од денешното одбележување на Денот на Ромите, 8 ми Април, беше посетена и ликовната изложба подготвена од учениците од ООУ „Добре Јованоски“ и наставничката Маја Најдоска, која што имаше хуманитарен карактер, како и турнирот во фудбал, организиран на новоуреденото спортско игралиште во кругот на училиштето.
Воедно, по повод 8-ми Април, Денот на Ромите во ООУ “Добре Јованоски“ беше откриен мурал, во чест на заедништвото во Општина Прилеп.
Инаку, за Меѓународен ден на Ромите, 8 Април, официјално е прогласен во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...