spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Бајрами престојуваше во официјална посета на Црна Гора

МИОА: Министерот Бајрами престојуваше во официјална посета на Црна Гора

Од 03 до 07 април, министерот за информатичко општество и администрација Наим Бајрами престојуваше во официјална посета на Црна Гора, за време на која оствари значајни работни средби.

На состанокот во Подгорица, со министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ,  се разговараше за развојот и зајакнувањето на билатералната соработка, како и за патот кон интеграција на нашите земји во Европската Унија.

“Како аспиранти за членство во ЕУ и сојузници во НАТО, се фокусиравме на напредокот на процесот на интеграција во ЕУ, каде што ја истакнавме важноста од взаемна поддршка и билатерална соработка, како и размена на најдобри практики за надминување на заедничките предизвици.”, рече Бајрами.

На заедничката средба на министерот Бајрами со државниот секретар на Министерството за јавна администрација на Црна Гора, Наим Ѓокај,  се разговараше за меѓусебната соработка помеѓу нашите две институции, со посебен акцент врз напредокот на заедничката работна група за имплементација на „PayPal“ во Северна Македонија и Црна Гора, иницијатива која означува одлучувачки чекор кон олеснување на дигиталните трансакции и промовирање на економскиот раст во регионот.

Притоа беше нагласена важноста на соработката во областа на дигитализацијата, преку Центарот за сајбер капацитети на Западен Балкан „WB3C“  во кој активно учествува и Северна Македонија, како и соработка во сајбер безбедноста и јавната администрација.

За време на официјалната посета на Црна Гора, министерот Наим Бајрами оствари работна средба и со Маја Ханџиска, директорка на РеСПА (Регионална школа за јавна администрација), при што се разговараше за тековните и идните активности на Министерството во однос на Реформата на јавната администрација (PAR) и дигитализацијата, заедно со другите реформски процеси суштински за членството на Северна Македонија во ЕУ.

Министерот Бајрами ја истакна важноста од користење на експертизата на ReSPA за ефективна поддршка на иницијативите на нашето министерство, особено во насока на PAR и дигитализацијата. Усогласувањето на нашите цели со ресурсите и искуството на ReSPA е од суштинско значење за да се постигне напредок во реформите во администрацијата. Понатаму, беше истакната потребата од инкорпорирање на најдобрите практики од земјите-членки на ЕУ во нашите реформски процеси, со цел да се поедностави интеграцијата во административната рамка на ЕУ и да се зголеми нашата конкурентност.

Министерот исто така нагласи, дека со приоритет кон реформите во администрацијата, дигитализацијата и другите клучни области, имаме намера да изградиме поефикасен и транспарентен систем на јавна администрација. Овие напори се од суштинско значење за подготовка на нашата земја за членство во ЕУ, нагласувајќи ја важноста од континуиран дијалог, соработка и размена на знаења за промовирање на одржливиот развој и напредок.

Агендата на средбите на министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, беше заокружена со прием во организација на нашиот амбасадор во Црна Гора, г-дин Зеќир Рамциоловиќ.

Во фокусот на разговорите беше благосостојбата и интеграцијата на нашите граѓани кои што живеат таму, при што министерот Бајрами истакна дека системите за поддршка и можностите можат да се подобрат преку заеднички напори и дигитализација на услугите. 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...