ЈКП ,,Илинден” од општина Илинден континуиранио работи на модернизирање на опремата. Овој пат со приклучна механизација за косење и кастрење вегетација т.н. мулчер.
Оваа механизација ќе се користи за чистење на вегетацијата околу патиштата на територија на општина Илинден, пришто значително ќе се подобри безбедноста и прегледноста во сообраќајот. Исто така специјалната механизација ќе се користи и за уредување на нискостеблеста и крупна вегетација.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен додека се вршеше косење на вегетација на неколку локации покрај патиштата на територија на општина Илинден, пришто истакна дека со оваа механизација значитело ќе се подобри ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП ,,Илинден”. Наместо досега рачното косење на вегетацијата се модернизира опремата со машинско косење.
Градоначалникот додаде дека со модернизирањето и обновувањето на опремата на јавните комунални претпријатија овозможуваме поефикасна, побрза и поквалитетна комунална јавна услуга за жителите, но и придонес општина Илинден да биде една од најчистите општини во државата и регионот.
Извор: Општина Илинден