spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија и...

МЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија и Црна Гора

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав, министер за здравство на Република Црна Гора, на маргините на десеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, кој се одржува во Лимасол, Кипар.

На билатералните средби се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат земјите во здравствениот сектор, можностите за обезбедување финансиска одржливост на здравствените системи, зајакнување на превенцијата на болести, како и за продолжување на соработката, посебно во делот на едукација и професионализација на сестрите и акушерките.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

АХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

0
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вчера во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација...