spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски од Оризари кочанско - Производителите на ориз добиваат вода до...

МЗШВ: Николовски од Оризари кочанско – Производителите на ориз добиваат вода до своите ниви, успешно стартува годишената сезона за наводнување со засеани нови 200 хекатари под ориз

Квалитетен и навремен пристап до вода за земјоделските површини, е клучна за стабилно и конкурентно земјоделско производство. Денеска од селото Оризари, кочанско, најавувам почеток на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини. Оризопроизводителите до своите ниви веќе добиваат вода, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при увидот во започнувањето на сезоната за наводнување на земјоделските површини.

„Токму затоа нашиот фокус, сите овие години, но и во иднина, е инвестирање во модернизација на во водостопанската инфраструктура, преку реконструкција на постојните системи за наводнување и изградба на нови брани и нови системи за наводнување, до секоја една земјоделска површина“, изјави министерот Николовски.

Од денешниот извршен увид може да се констатира дека подружницата Брегалница е подготвена, Хидросистемот Брегалница и акумулациајта Калиманци ја имаат доволна количина вода, а наводнувањето до оризовите полиња, првично се врши од проточни води на Оризарска река.

„После повеќе години, секое поле, и мало и големо се сеат со ориз, а оваа година површините под ориз се зголемени за повеќе од 200 хектари, со што вкупно се наводнуваат 3.700 хектари под ориз, а заедно со други култури, кој во овој регион се обработуваат достигнуваме до површина за наводнување од 4.200 хектари“, изјави министерот Николовски.

Ваквото зголемување на површините под ориз доаѓа како резултат на успешните мерки, што изминативе години се креирани кон оризопроизводителите. Мерки за одржливо и конкурентно производство на ориз. Зголемени се за 300% субвенциите, оризопроизводителите имаат 100% зголемена поддршка за зелена нафта, во износ од 3200 денари од хектар. Откупната цена на килограм оризова арпа достигна над 40 денари, а вредноста на извозот од ориз достигна 7 милиони евра.

Нашата посветеност во модернизација на водостопанската инфраструктура ја потврдуваме на дело. Реализирајќи го најголемиот водостопанстки проект и по површина и по вредност. Градејќи ги четирите системи за наводнување, кои обезбедуваат вода до 13.650 хектари земјоделско земјиште, а вредноста на проектот е 120 милиони евра. Обезбедуваме вода за земјоделските површини почнувајќи од Велес и Чашка, преку Неготино и Валандово, се до Гевгелија.

Докажавме дека знаеме и можеме подобро. Ја изградивме браната Конско и само ден потоа веднаш ги започнавме активностите за изградба на системот за наводнување Конско во Гевгелија, истакна министерот Николовски. 

Линк од видеото: https://youtu.be/CZo1KY9vnLM

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

АХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

0
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вчера во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација...