Започна асфалтирањето со прв слој асфалт на патниот правец Таринци-Долни Балван со должина од 1.600 метри, еден од најголемите инфраструктурни проекти во нашата општина!
Во рамките на проектот изградивме нова пешачка рекреативна патека, која ги поврзува населените места Таринци и Долни Балван, истата ќе биде целосно осветлена!
Со реализацијата на овој проект ќе се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците.
Нашиот даден збор пред Вас граѓаните има вредност, нашата тенденција е да ги исполниме ветувањата и да овозможиме подобра иднина во нашата општина!
Извор: Општина Карбинци