spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Со поставување на видео надзор во Општината ќе ја зголемиме безбедноста...

Центар: Со поставување на видео надзор во Општината ќе ја зголемиме безбедноста на граѓаните и ќе ги заштитиме јавните добра

На последната 35 Седница на совет, советниците донесоа одлука за поставување видео надзор во општината. Одлуката е поздравена од сите советници и едногласно е донесена поради заштита на урбаната опрема, детските и спортски игралишта но и намалување на насилното однесување и заштита на младите. Токму поради насилно однесување во општината имаше зголемени полициски патроли.

Веруваме дека преку видео надзорот ќе успееме да го намалиме девијантното однесување но и да ја обезбедиме заштита на имотoт и имотните права на општината како урбаната опрема, инфраструктурните објекти, сообраќајни знаци и семафори и уличното јавно осветлување.

Сакаме да ги известиме граѓаните дека снимките од надзорот ќе може да се користат единствено и само по налог на Јавно обвинителство и МВР и дека не постои никаква можност истите да бидат било како злоупотребени.

Целиот процес ќе биде направен со целосно почитување на Законот за заштита на лични податоци, а актите ќе бидат прецизирани со целосно вклучување на Агенцијата за заштита на лични податоци. Видео надзорот ќе биде поставен на видно место и за истиот ќе биде истакнато Известување дека се врши видео надзор од страна на Општината и ЈП ПОЦ.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...