spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Велигденски базар во организација на ЦПЛИП „Порака“

Битола: Велигденски базар во организација на ЦПЛИП „Порака“

Во организација на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола, вчера се одржа „Велигденски базар и забава со друштвени игри“. На настанот насловен „Боите на Велигден“, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој се вклучи во активностите, изразувајќи ја својата голема поддршка за поголема инклузија во општественото живеење на лицата кои се соочуваат со попреченост.

Градоначалникот Коњановски, истакна дека ваквите форми на ангажираност на овие лица се од посебно значење во процесот на остварување на нивните основни чоекови права и создавање еднакви можности за сите граѓани, но и начин празничната радост да допре до секој дом.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...