spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Велковски - Ќе воспоставиме партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите и...

МТСП: Велковски – Ќе воспоставиме партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите и системско решавање на состојбите

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) на која работна средба се разговараше за проблемите со кои се соочуваат синдикатите и вработените во областа на здравството, одбраната, полицијата, Македонски железници и рударството. 

„Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени, а големи се и проблеми поврзани со функционирањето на синдикатите во последните неколку години. Ова се клучните работи кои беа истакнати од страна на претставниците на синдикатите“, вели министерот Велковски. 

Министерството за труд и социјална политика ќе преземе активности во насока на системско решавање на настанатите состојби и воспоставување на вистински партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите, нешто за што се заложи и министерот Ѓоко Велковски.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...