spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова на министерски состанок за ублажување и адаптација на климатските промени...

МЖСПП: Шукова на министерски состанок за ублажување и адаптација на климатските промени и развој кон климатски отпорна економија

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, учестува на министерска конференција што се одржува во Виена, Австрија. Конференцијата е во организација на Проектот „Транзиција кон ниски емисии и климатски отпорна економија во Западен Балкан и Туркије“ – TRATOLOW, чија цел е да придонесе за ублажување и адаптација на климатските промени и развој кон климатски отпорна економија, како и економија која поттикнува употреба на ефикасни ресурси и ниски емисии на стакленички гасови.

Конференцијата, на која заседаваа високи претставници на министерствата надлежни за животната средина, климатски промени и економија од земјите од Западен Балкан и Tуркије, претставува платформа за отворен дијалог, соработка и координирање на напорите да се адаптира и ублажи климатската криза и да се потврдат стремежите за декарбонизирана иднина и нула загадување.

2 Шукова на министерски состанок за ублажување и адаптација на климатските промени и развој кон климатски отпорна економија

Во своето излагање излагање, министерката Шукова истакна дека само со правилни инвестиции и соодветна институционална правна и административна инфраструктура, може да се донесат стратешки одлуки за бенефит на сите граѓани и домашната економија.

3 Шукова на министерски состанок за ублажување и адаптација на климатските промени и развој кон климатски отпорна економија

Таа се осврна и на инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција, вредна три милијарди евра, која беше промовирана на COP 28 во Дубаи на крајот на минатата година. Платформата е усогласена со главните стратешки документи усвоени од Владата, вклучително и Национално утврдените придонеси и Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, особено во однос на постепеното укинување на капацитетите на електраните на јаглен до 2030 година.

4 Шукова на министерски состанок за ублажување и адаптација на климатските промени и развој кон климатски отпорна економија

Понатаму, министерката Шукова нагласи дека нашата земја е посветена на исполнување на задолженијата од Планот за раст на Западен Балкан, кој подразбира и изработка на Закон за климатска акција, чие усвојување и идна имплементација претставува приоритет на владата на РСМ.

5 Шукова на министерски состанок за ублажување и адаптација на климатските промени и развој кон климатски отпорна економија

На крај министерката го нагласи и значењето на регионалната соработка и континуираната подршка од Европската Унија преку нејзините Инструменти за предпристапна помош на национално и регионално ниво,  кои придонесуваат за полесна транзиција кон почиста енергија, намалени емисии на јаглерод и економија отпорна на климатските промени во земјите на Западен Балкан и Туркије

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за...