spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи - Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со цел...

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со цел тоа никогаш да не се повтори

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при што истакна дека осудувањето и сеќавањето на меѓународно признатиот геноцид во Сребреница е човечка должност. Воедно, потенцира дека Република Северна Македонија одлучи не само да ја поддржи, туку и да ја коспонзорира резолуцијата на Обединетите Нации за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

“Осуда на геноцид е универзална човекова должност и тоа не е поврзана со било која припадност. Во 2010-тата година нашето Собрание има донесено одлука по однос на Сребреница, прифаќајќи ја резолуцијата од Европскиот парламент. Значи како држава никогаш не сме имале дилема по однос на тоа што се случило во Сребреница, кога во еден ден се убиени 8 372 цивили и тоа не може да се нарече поинаку. Најголемите критики во текот на вчерашниот ден беа: обид на Министерот за надворешни работи да нé скара со пријателска Србија. Напротив, оваа не е поврзано со Србија, не е поврзано со Српскиот народ, бидејќи осудувањето на геноцидот ги надминува било каквите дипломатски врски и односи помеѓу двете држави и нсроди. Човечка должност ни е да осудиме, да ги промовираме фактите, со цел тоа никогаш да не се случи” истакна Османи.

На денешната отворена дискусија на тема: Северна Македонија коспонзор на резолуцијата на ОН за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, Османи ги отфрли обвинувањата дека целта на овој акт на Министерството е влошување на билатералните односи на државата со соседна Србија, тврдејќи дека се работи за однос на земјата кон злосторво против човештвото кој меѓународните надлежни институции го имаат именувано како геноцид и дека како таков не смее да го негира.

 “Војните во Балканот завршија и на земјите од регионот им треба помирување” рече Османи апелирајќи им на Србија и Босна и Херцеговина да го следат примерот на Германија и Франција по Втората светска војна.

На дискусија, со видео-обраќање учествуваше и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, кој упати благодарност до Северна Македонија за конспонзорирањето на резолуцијата, убеден дека прогласувањето на 11 јули за меморијален ден значително ќе придонесе за мирот и безбедноста на регионот и ќе ја зајакне вербата во институциите на Обединетите нации, што според него, на светот му е потребно.

 “Дозволете ми да ве потсетам на геноцидот извршен во јули 1995 година во заштитената безбедна зона на Обединетите нации, Сребреница, брутално беа убиени повеќе од 8000 момчиња и мажи, 1000 беа насилно раселени, цели семејства беа уништени, а нивните домови беа опустошени. Бројни сторители беа изведени пред правдата, а најстрашното злосторство, систематското убивање на бошњачкото население во заштитената зона на Сребреница, беше законски признато како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. И никогаш не смее да биде предмет на различни толкувања. Ова го препознаа одговорните луѓе кои спроведуваат одговорни политики во Северна Македонија”, истакна Конаковиќ.

На дискусија со свои гледишта учествуваа и Претседателот на Бошначкиот национален совет, Џевад Хот, граѓанската активистка, Мерсиха Смајловиќ и адвокат, Едина Зекировиќ Фазлагиќ, кои покрај изразите на благодарност кон Министерот Османи за донесената одлука за коспонзорирање на резолуцијата, ги изнесоа и своите гледишта зошто ова е праведна одлука и за важноста на воспоставување на ден заодбележување на масакарот од Сребреница.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте