Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2024 година се издадени 321 одобрение за градење, што е за 22.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 илјади денари, што е за 4.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 193 (60.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 56(17.5 %) за објекти од нискоградба и 72 (22.4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 321 објект, на 200 (62.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37.7 %) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 013 станови, со вкупна корисна површина од 72 506 м2.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика