Општина Гевгелија започна со акција за поставување нова урбана опрема. На зелените површини и паркови во Гевгелија, се инсталираат нови летниковци, корпи за отпадоци и клупи за одмор и рекреација.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека во наредниот период оваа акција ќе продолжи и во другите населени места со цел во континуитет да се подобри целокупниот изглед на градот и населените места, а граѓаните да имаат соодветни услови за одмор и рекреација.
ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈
Извор: Општина Гевгелија