spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Спортско-културен настан „Остани без здив“ во чест на Ѓургица Ќаева

Гевгелија: Спортско-културен настан „Остани без здив“ во чест на Ѓургица Ќаева

Со спортско-културен настан, во Гевгелија, се одбележа 5 Мај- Светскиот ден на Пулмоналната хипертензија, во организација на Асоцијацијата на Пулмонална хипертензија „Момент плус“- Гевгелија. Над 90 учесника трчаа на 5 км од патеката „Милци“ до центарот на градот, во чест на Ѓургица Ќаева, младата гевгеличанка која ја загуби битката со оваа болест.

Во забавниот дел, учество земаа локални изведувачи, односно свој концерт имаа групите „Хитс“ и „Фониа“, како и пејачите: Филип Ангов, Теда, Оливера Станковска, Марија Ичкова, Мартин Костадинов форевер. Настапија и Ансамблот „Бојмија“ и Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Овој настан е поддржан од Општина Гевгелија. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, порача дека останува да дадеме се од себе  и преку организацијата на овој настан да се сеќаваме на Ѓургица, која беше борец и активист за правата на пациентите кои боледуваат од Пулмонална хипертензија, а истовремено да ја будиме свеста кај младите за проактивност во општествово.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...