spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Изградба на секундарна влеза улица во Мрзенци

Гевгелија: Изградба на секундарна влеза улица во Мрзенци

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беше во посета на населеното место Мрзенци, каде во тек се градежни активности за подобрување на патната инфраструктура. Сарамандов изврши увид во изградбата на улица којашто претставува секундарен влез во населеното место и е доста фреквентна.

Притоа, оствари и средба со граѓани, разговарајќи за секојдневните проблеми. Од страна на жителите на Мрзенци беше изразено нивното задоволство од работата на локалната самоуправа и реализацијата на активности за подобрување на условите за живот.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈


Градоначалникот потенцира дека локалната самоуправа ќе продолжи со решавање на приоритетите на граѓаните со подобри услови за живот во сите населени места.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...