spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНоваци: Одржливи општински услуги во секторот отпад – Предизвици и патот напред

Новаци: Одржливи општински услуги во секторот отпад – Предизвици и патот напред

Во просториите на Општина Новаци се одржа регионален настан под име “Одржливи општински услуги во секторот отпад – Предизвици и патот напред“.

Настанот има за цел да обезбеди поддршка на регионалниот систем за управување со отпад во Пелагонискиот и во Југозападниот плански регион преку презентација на резултатите од спроведените анализи, плановите за развој и креирање форум за соработка помеѓу општините во двата региона.

,, Имајќи предвид дека се стремиме да станеме дел од европското семејство а со самото тоа ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ, едно од главните поглавја во преговарачкиот процес ќе биде животната средина и нејзината заштита.Токму поради тоа сите ние како чинители на општественото уредување треба да вложиме максимални напори во насока на заштита на животната средина а како еден главен момент секако е селекцијата и третманот на сите видови на отпад за кои што за жал до ден денес и како држава иако имаме стратегија на национално ниво, работите во пракса тешко се спроведуваат и реалноста е многу поинаква. Сите заедно, како заедница, сме дел од оваа приказна која не води кон подобро утре.Секој напор, секоја образовна кампања, секоја активност се само уште една капка во морето на промени. Заедно можеме да направиме многу и нашиот дом да им го оставиме во наследство на нашите идни поколенија како чиста и здрава животна средина.” – рече градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски во своето обраќање пред присутните.

На настанот присуствува претставници од МЖСПП, ЗЕЛС и од Шведската амбасада, како и градоначалници, директори на комуналните претпријатија и претставници од општините од двата региона.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ спроведуван од SALAR International и финансиран од Шведската влада.

Извор: Општина Новаци

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...