spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Фотоволтаици и термални колектори на Домот за стари лица, „Киро Крстески-Платник“,...

Прилеп: Фотоволтаици и термални колектори на Домот за стари лица, „Киро Крстески-Платник“, за ефикасна заштеда на енергија

Завчера градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески го посети Домот за стари лица, „Киро Крстески-Платник“, каде со помош на Локалната самоуправа преку Центарот за развој на Пелагонискиот регион, поставени се фотоволтаици и систем за топла вода , инвестиција вредна над 6. 700 000 денари. Со тоа, оваа институција станува енергетски ефикасна со константно обезбедување на топла вода и електрична енергија од обновливи извори.

https://youtube.com/watch?v=i59ObnkNMDQ%3Ffeature%3Doembed%26enablejsapi%3D1

Станува збор за регионалниот проект „Зајакнување на институционалните капацитети во Пелагонискиот регион за подобрување на социјалните услуги и заштита на животната средина“ кој беше аплициран во текот на 2022 година од страна на Општина Прилеп и Јавната општинска установа, а реализиран преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Заблагодарувајќи се на сите кои активно придонесоа за реализација на овој значаен проект градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески истакна:

“Како локална самоуправа, чии приоритети се: намалување на трошоците, заштеда на енергија, заштита на животната средина, енергетска ефикасност и користење обновливи извори за енергија, во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник” од неодамна се поставени фотоволтаици и 30 термални колектори, надополнети со термална пумпа. Инвестицијата направена тука, ќе генерира заштеда и подобрување на условите и социјалните услуги на старите лица кои живеат во домот. Домот е навистина сериозен потрошувач на енергија. Според нашите анализи, од сите институции кои се во надлежност на општината, оваа институција е една од најголемите потрошувачи на енергија (прва меѓу нив е пречистителната станица). Затоа одлучивме, токму тука да инвестираме заради подобрување на квалитетот на животот на корисниците, заради заштеда на енергија и намалување на трошоците, бидејќи оваа институција константно работи 24 часа дневно, 365 дена во годината,“ рече тој нагласувајќи дека ваквите и слични проекти ќе продолжат да се реализираат и во урбаната и во руралната средина.

Директорот на Домот, Благојче Стојаноски објасни дека со ова ќе се намалат значително трошоците за греење и ладење во домот за 40%, ќе се намалат трошоците за набавка на екстра лесно гориво и ќе се подобри личната хигиена на штитениците, но и ќе се овозможи заштита на животната средина со примената на ваквиот систем на греење и ладење.
Претседателот на Советот, Дејан Проданоски дополни дека во иднина, ќе се залагаат да обезбедат законска рамка со која што ќе можат и Јавните претпријатија да користат обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Директор на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов посочи дека и во иднина ќе продолжи соработката со Општина Прилеп, а со овој проект се заокружува еден циклус на проекти за енергетска ефикасност. „Во моментот се работи на изведба на таложник за Пречистителната станица Прилеп,со кои ќе се заштити животната средина од отпадните води“- рече тој.
Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ згрижува 150 штитеници од цела Македонија.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...