spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Општинскиот натпревар во атлетика за основните училишта

Охрид: Општинскиот натпревар во атлетика за основните училишта

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски ги додели наградите на најдобрите учесници на Општинскиот натпревар во атлетика за учениците од основните училишта, кој се одржа денеска во Охрид.

Организатор на натпреварувањето е Сојузот на училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа. На натпреварот зедоа учество ученици од 6-то до 9-то одделение од сите основни училишта во општината.

Учесниците се натпреваруваа во 9 категории, а најдобрите ќе бидат дел од Државниот натпревар во атлетика кој ќе се одржи во сабота на 11-ти мај 2024 година во Охрид, во организација на Федерацијата на училишен спорт.

На државниот натпревар ќе земат учество и најдобрите учесници од Општинскиот напревар во атлетика за средните училишта кој се одржа во текот на претходниот период.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...