spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Меморандум за соработка со проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите...

Неготино: Меморандум за соработка со проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

На организиран настан од УСАИД, потпишав меморандум со што општина Неготино ќе учествува во четвртата група на партнер-општини на проектот на УСАИД за „ Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“. Проектот се спроведува од Глобал инк од САД, а негова главна цел е преку партнерство со единиците на локалната самоуправа и Владата да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди и продолжи процесот на фискална децентрализација.

„ Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ е петгодишен проект на УСАИД кој ги поддржува единиците на локалната самоуправа во унапредувањето на нивните капацитети за мерливо зголемување на сопствените извори на приходи, пристапност до надворешно финансирање и поефикасно извршување на Буџетот на ЕЛС во согласност со барањата за буџетирање и известување од Владата. Проектот е започнат во 2021 година, а поддршката кон ЕЛС ќе продолжи до 2026 година.

Директорот на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите Bardhyl Marku , ги претстави клучните резултати од соработката со партнер-општините. Истакна дека 48 партнер општини ги зголемија приходите од сопствени извори со просечен пораст од 22,32% во 2023 година, надминувајќи го значителниот раст од 10,26% забележан во претходната година. Дополнително, 14 општини кои изразија интерес, добија помош за ажурирање на базата на податоци за данок на имот, што резултираше во просечно зголемување од 20,5% на наплатата на данокот на имот. Овие резултати значително допринесоа за просечниот пораст од 45% на приходите од сопствени извори во истиот период.

Извор: Општина Неготино

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...