Градежните активности за изградба на улицата ,, Македонски бранители” кои се одвиваа по однапред утврдена динамика финишираат со асфалтирање на истата.
Станува збор за завршување на изградба на нова улица во должина од 243 метри и со ширина од 6 метри.
Средствата за реализацијата на овој проект од исклучително значење за нашите сограѓани кои живеат на тој потег се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а вредноста на работите изнесува 3.496.706 денари со вклучен ДДВ.
Извор: Општина Неготино