spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЏафери: Управнот суд и институциите да ја заштитат кредибилноста на изборите

Џафери: Управнот суд и институциите да ја заштитат кредибилноста на изборите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, одржа прес-конференција во врска со заокружувањето на изборните процеси на двојните избори во државата.

Во продолжение е интегралниот текст од прес конференцијата на премиерот Џафери:

Во својство на Премиер на Владата на Република Северна Македонија и одговорен за успешноста на изборниот процес на претседателските и парламентарните избори, имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инженеринг со вон-институционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија во врска со симптоматичните приговори поднесените од страна на учесниците  во изборите.https://www.youtube.com/embed/y2zROn-NeQg?si=SVGZQZBP0gTkilqg

 
Според извештаите, овие претензии за изборен инженеринг имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собрание преку политички договор на маса.

Кредибилност на изборите и на демократскиот процес, прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница, сега е во рацете на Управниот суд и јас ги поканувам сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било страна, и да  го штитат кредибилитетот на изборниот процес докрај, без да фрлат дамка врз волјата на граѓаните изразена на изборите.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...