Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци.
Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства – одгледувачи на кози кои своето производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач или предале или заклале јариња во кланични преработувачки капацитети.
Висината на директните плаќања изнесува 1400 денари по грло.
Со денешната исплата со финансиска поддршка се стекнаа 216 лица за кои беа исплатени 14.2 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој