Општина Илинден се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“ која е во организација на „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животната средина.
Во еколоштака акција се вклучија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски заедно со општинската администрација, јавните комунални претпријатија, училиштата и граѓаните, каде се чистеше на повеќе локации на територијата на општина Илинден. Во текот на акцијата се вклучија и претставници од Црвен Крст кои се погрижија за безбедноста на учесниците.
Како што информираше градоначалникот Георгиевски со оваа голема еколошка акција Општина Илинден упатува апел до граѓаните да покажат поголема грижа за природата и природните ресурси, а отпадот да го одлагаат на места соодветно определени за таа намена.
Извор: Општина Илинден