spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Домаќин на логопедско-дефектолошко-психолошки конгрес

Кисела Вода: Домаќин на логопедско-дефектолошко-психолошки конгрес

Општина Кисела Вода викендов беше домаќин на логопедско-дефектолошко-психолошкиот конгрес, кој со поддршка од локалната самоуправа беше организиран од ГАСПАР центарот за психофизичко здравје.

Овој значаен настан,  претставува платформа за размена на стручни знаења, приказ на практична работа и запознавање со новините во логопедијата, дефектологијата, психологијата, педагогијата и психијатријата. На настанот кој се одржа во Домот на култура “Билјана Беличанец”, свое учество зедоа бројни професори, наставници, логопеди, дефектолози, психолози, педагози, доктори, лингвисти, медицински лица, социјални работници, студенти  и сите кои имаат интерес за овие науки. Предавачи на конгресот беа проф.д-р Алма Тасевска, проф. д-р Владимир Илиевски, проф. д-р Наташа Станојковска Трајковска, д-р Елизабета Петрушевска, м-р Фики Гаспар м-р спец. Бојан Богдановски. Темите на кои се говореше и дебатираше беа: родителски програми за квалитетно детство, пелтечење-современа дијагностика и третман, социјални услуги во системот на социјална заштита за лица со попреченост, употреба и злоупотреба на психофармаколошките лекови, знаци и симптоми на граничното нарушување на личноста, како и зајакнување на вештините кај ученици со посебни образовни потреби-чекори кон идно економско зајакнување.

Преку оваа соработка Општина Кисела Вода овозможи 50 професионалци  да се здобијат со сертификати. Секако, ова е само почеток и во периодот што следува е бидат реaлизирани поголеми заеднички проекти. За својата посветена работа во оваа област градоначалникот Орце Ѓорѓиевски доби благодарница од организаторот.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...