spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПРР: Продолжување на рок на Одлука за Јавен повик 01/2024 од ИПАРД...

АФПРР: Продолжување на рок на Одлука за Јавен повик 01/2024 од ИПАРД програмата 2021-2027

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во координација со телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, донесе одлука за пролонгирање на рокот за поднесување на барања за финансика поддшка од  јавниот повик 01/2024 од ИПАРД 2021-2027 Програмата  за мерката 3 “Инвестиции во основни средства за прераработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

Имено, поради големиот интерес за аплицирање на јавниот повик како и доставени барања од преработувачки асоцијации за продолжување на рокот за поднесување на барања заради ново воведените критериуми во ИПАРД 3 наспроти ИПАРД 2 Програмата, Агенцијата во интерес на крајните корисници како и во интерес на поголема апсорпција на средствата од Програмата, одлучи да го продолжи рокот на јaвниот повик.

Продолжувањето на рокот согласно одлуката е 15 дена, со што крајниот рок за поднесување на барања на јавниот повик е 12.06.2024 година.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...