Во чест и спомен на нашиот драг Лука, кој веќе две години не е со нас, во ООУ „Киро Глигоров“ беше одржан вториот по ред општински меморијален турнир „Лука Кртов“ во баскет, на кој се натпреваруваа деветто одделенци од центарските училишта.
Гледајќи го натпреварот, се потсетивме на спортскиот и ведар дух што во себе го носеше младиот Лука.
Општината додели медали и пехари на победничките тимови, а родителите на Лука ги наградија најдобрите играчи со ваучери.
Лука останува вечно во нашите срца.
Извор: Општина Центар