spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Подрегионална конференција: Родовата еднаквост како фактор за посилни, поотпорни заедници способни...

МЖСПП: Подрегионална конференција: Родовата еднаквост како фактор за посилни, поотпорни заедници способни да ги издржат предизвиците на климата што се менува

Konferencija_rodova_ednakvost_3

„Жените не се само жртви на климатските промени, туку тие се и витални градители на издржливост и одржливост. Со зајакнување на улогата на жените, преку образование, економски можности и инклузивни политики, можеме да изградиме посилни, поотпорни заедници способни да ги издржат предизвиците на климата што се менува“, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во воведното обраќање на дводневната подрегионална конференција за родова еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи.

Konferencija_rodova_ednakvost

Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот Регион“, финансиран од Владата на Швајцарија и со поддршка на Регионалниот хаб на УНДП во Истанбул и е одлична можност да се продлабочи разбирањето на сложените врски помеѓу намалувањето на ризиците од катастрофи и родовата еднаквост во Западен Балкан и Турција.

Konferencija_rodova_ednakvost_1

Имено, жените и мажите различно ги доживуваат катастрофите поради општествените родови норми, улоги и одговорности. Родово-одговорните предизвици во управувањето со ризици од катастрофи имаат за цел да одговорат на специфичните потреби, ранливост и капацитети на жените, мажите, девојчињата и момчињата. Овие пристапи препознаваат дека родовата нееднаквост се вкрстува со други форми на дискриминација заснована врз фактори како што се возраста, етничката припадност, попреченоста и социоекономскиот статус. Преку интегрирање на родовите размислувања во политиките, програмите и практиките за намалување на ризиците од катастрофи (НРК), чинителите можат да осигурат поинклузивни и поефективни одговори на катастрофи.

Konferencija_rodova_ednakvost_2

Претставници на владини институции (за координирање на НРК и родови прашања) и координатори за еднакви можности на централно и локално ниво, експерти од невладини организации што работат во полето на родова еднаквост и НРК, приватен сектор од Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија иТурција, како и државни канцеларии на УНДП од Западен Балкан и Турција, Регионален хаб на УНДП во Истанбул, агенции на ОН, партнери на ОН, донатори и други, преку интерактивни седници и панел-дискусии, денес и утре ќе споделуваат добри практики, ќе се осврнат на предизвиците и ќе ги истражуваат можностите за родово-одговорни пристапи во НРК и иницијативите за климатска отпорност во Западен Балкан и Турција.

Заеднички е ставот дека градењето на свеста, капацитетите и политичката волја помеѓу креаторите на политики, професионалците и членовите на заедницата е клучно за да се промовираат родовата еднаквост и отпорност. Преку поттикнувањето соработка, негувањето добри практики и инвестирањето во родово-сензитивно истражување и собирање податоци, чинителите може да ги зајакнат ефективноста и одржливоста на иницијативите за НРК во регионот.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Дојран: Дојран Гурман Фест 2024

0
Дојран Гурман Фест 2024– гастрономско патување низ вкусовите на традиционалната кујна од Дојран приготвени од вештите раце на жените од “Здружение на жени-Дојрана” кои...